SKF автентикација
Дали вашето SKF лежиште е оригинално?
Фалсификуваните лежишта изгледаат убедливо, а откажуваат рано. Еве како да проверите лежиште што веќе го имате и како целосно да го избегнете проблемот.

Зошто е важно
Фалсификаторите купуваат евтини лежишта со ISO димензии и им додаваат лажни SKF ознаки и кутии. За необучено око изгледаат исто, но никој не знае дали ги исполнуваат барањата за оптоварување, безбедност и век на траење на вашата машина. Дефект на лежиште во најдобар случај значи непланиран застој, а во најлош – оштетени запчаници, вратила и куќишта.
- 15 t
- фалсификувани лежишта уништи SKF заедно со органите на прогонот во 2017 година
- 17.000
- лажни артикли во само таа заплена, наменети за редовни синџири на снабдување
- 50%
- До половина од менаџерите можеби несвесно купиле фалсификувани делови
Извор: SKF, 2019.
Најсигурната проверка: купувајте од овластен дистрибутер
Б&Б Уникооп е овластен SKF дистрибутер за Северна Македонија. Секое лежиште што го продаваме доаѓа директно од синџирот на снабдување на SKF, па нема што да се проверува.

Проверете лежиште со SKF Authenticate
Сте купиле SKF производи на друго место и се сомневате? Бесплатната апликација на SKF ги испраќа вашите фотографии директно до експертите на SKF, кои одговараат по е-пошта.
Што да фотографирате
Направете 5–10 остри фотографии од кутијата и лежиштето од сите страни. Колку повеќе детали, толку подобро.

1. Горната страна на кутијата

2. Етикета со баркод

3. Задната страна на кутијата

4. Лежиштето во пакувањето

5. Лежиштето одблиску
Како да испратите проверка
- 1
Инсталирајте SKF Authenticate од App Store или Google Play.
- 2
Направете ги фотографиите наведени погоре.
- 3
Отворете ја апликацијата, допрете Start и изберете „Use existing photos“ (или снимете нови). Изберете ги фотографиите и допрете Next.
- 4
Внесете од кого сте го купиле производот, краток коментар како „Ве молиме проверете дали овој SKF производ е оригинален“ и вашите контакт податоци. SKF одговара на таа е-пошта, затоа проверете ја.
- 5
Допрете Send и потврдете. Веднаш добивате автоматска потврда, а одговорот од SKF за неколку часа до неколку дена.
Не сте сигурни за лежиште што веќе го имате? Испратете ни фотографии и нашата техничка служба ќе ви помогне, или прочитајте повеќе за заштитата на брендот SKF.